logoPK

Planirajte, radite, proveravajte i delujte kvalitetno

Конститутивна седница на новоформираниот Технички Комитет

Во насока на континуирано усвојување и имплементирање на стандардите од областа на

безбедност и отпорност, за спречување и ублажување на последиците од кризни ситуации и современи безбедносни закани, безбедносен менаџмент, управување со ризици и закани, преку технички, човечки, организациски, оперативни и менаџерски пристапи, на 07.07.2025 година, во просториите на ИСРСМ, се одржа конститутивна седница на новоформираниот Технички Комитет – ИСРСМ ТК 49 – Безбедност и отпорност. 

 

За Претседател на ИСРСМ ТК 49, беше избран  проф. д-р. Марјан Ѓуровски  од Филозофскиот Факултет Скопје, Институт за безбедност, одбрана и мир, а останати членови на Техничкиот Комитет се: 

  • Арбен Челику од Агенција за национална безбедност;
  • д-р Ардијан Исмаили од Здружение за истражување и анализа на безбедносни закани, Центар за безбедносни студии;
  • м-р Верица Милеска Стефановска од Комора на РСМ за приватно обезбедување;
  • м-р Игор Дамјаноски од Министерство за одбрана;
  • Димитар Попов и м-р Биљана Сарагинова Панчевска од Министерство за внатрешни работи.

Технички секретар на ИСРСМ ТК 49 е дипл.маш.инж.Орхидеја Шутарова – советник за поддршка на работата на технички комитети од областа на хоризонтални општи стандарди (квалитет, безбедност, здравје).

На состанокот присуствуваше и раководителот на одделение од Секторот за стандардизација м-р Горан Плетварски.

Со формирање на комитетот и работа на стандардите од оваа област, треба да се подобри безбедноста и отпорноста на општеството во најширока смисла; управување со ризик; критична инфраструктура, безбедносни и обранбени објекти, објекти од витален безбедносне интерес, спречување криминал во индустриски постројки и објекти, образовни институции, болници, станбени згради, продавници, плоштади и јавни површини при проектирање згради, постројки и површини; социјално осигурување, безбедноста во туризмот, вклучувајќи аспекти на спречување инциденти, одговор на инциденти, ублажување на последиците од инцидентот, постигнување континуитет на деловното работење и закрепнување за време и по дестабилизирачки или вознемирувачки инцидент; услугите за приватно обезбедување

Izvor: isrsm.gov.mk