logoPK

Planirajte, radite, proveravajte i delujte kvalitetno

Покана за настан: Хармонизација на националната со европската стандардизација во областа на BIM технологијата

"Имаме особена чест да Ве поканиме да присуствувате на првиот од низа настани во организација на 

Стопанската Комора на РСМ и Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45 - Информациско моделирање на градби (BIM) при Институтот за стандардизација на РСМ на тема Хармонизација на националната  со европската стандардизација во областа на BIM технологијата и Претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45.

Во оваа пригода ТК 45 ќе ја претстави својата досегашна работа во областа на Информациско моделирање на градби (BIM). Дополнително, членовите на ТК45 ќе се осврнат на повеќе значајни аспекти на стандардизацијата во областа на Информациско моделирање на градби (BIM), како и на придонесот што овие стандарди го имаат во развојот на различни области.

Во  дискусијата ќе учествуваат претставниците на организациите и институциите - членови на комитетот:

  • Дијана Ликар, Претседател на ТК45, ГИМ
  • д-р Соња Черепналковска, раководител на сектор ИСРСМ
  • Маја Дојчиновска Колиќ,  Технички секретар ТК 45 ИСРСМ
  • проф д-р Сергеј Чурилов., член на ТК45,  Градежен Факултет
  • Ристо Малков, член на ТК45, КОАИ
  • Димитар Гучев, член на ТК45, Град Скопје
  • Никола Стрезовски, член на ТК45 Стопанска Комора
  • Трајче Стојанов, член на ТК45 ЗВЕИ ДООЕЛ Скопје
  • Владимир Крстиќ,  член на ТК45, Смарт Солутионс

Настанот ќе се одржи на 3 декември 2025 година во Стопанска комора на Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.

Ве молиме да го пријавите присуството најдоцна до 28 ноември 2025 година на следната е-адреса: Ova adresa el. pošte je zaštićena od spambotova. Omogućite JavaScript da biste je videli.

Дополнителни информации можете да добиете на тел: 02 3247 150."

 

Izvor: isrsm.gov.mk